Темен режим Режим на светлина

Косово испиша историја – за прв пат ќе игра бараж, БиХ обезбеди најмалку бараж, во игра и за првото место

Босна и Херцеговина вечерва ја совлада Романија со 3:1, иако гостите поведоа со голот на Бирлигеа во 17. минута. Сепак, избраниците на селекторот Сергеј Барбарез направија целосен пресврт: прво погоди Џеко, потоа Бајрактаревиќ со вистински мајсторски гол, а победата ја завери Табаковиќ.

Со оваа победа, БиХ обезбеди бараж, но има и одлични шанси за прво место во групата Х. Австрија во пресрет на последното коло има 18 бодови, а БиХ 16 — а во вторник во Виена двете селекции ќе се сретнат во директен дуел за пласман на Светското првенство 2026.

Јасно е дека во вторник вечер, на „Ернст Хапел“, атмосферата ќе биде повеќе од пеколна.

Косово, пак, славеше на гости кај Словенија со 0:2, со головите на Аслани и автоголот на Карничик. Со тоа обезбеди најмалку бараж, а теоретски има и шанса за прво место — но за тоа би требало во вторник дома да ја победи Швајцарија со неверојатни 10 гола разлика. Швајцарија вечерва ја совлада Шведска со 4:1.

И покрај тоа, пласманот во бараж е историски успех: за првпат во историјата Косово ќе игра квалификациски бараж за Светско првенство. Резултат за секоја чест.

Шкотска доживеа кикс на гости кај Грција и изгуби со 3:2, додека Данска со големи маки одигра 2:2 против Белорусија. Така, Данците имаат 11 бодови, а Шкотска 10 — а во вторник во Глазгов овие две селекции ќе го решат директниот патник на Мундијалот.

Сè на сè, во вторник следи ултра возбудливо последно коло, а Шкотска има златна шанса да избори директен пласман на Светското првенство.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

И реми е во игра за Македонија против Велс

Следна објава

Големи емоции на терен и на трибини: БиХ знае како да ја прослави победата и најмалку изборен бараж за СП