И реми е во игра за Македонија против Велс

753

Фудбалерите на Велс вечерва го победија Лихтенштајн со 1:0 во Вадуц.

Иако Велшаните се надеваа на убедлив триумф со најмалку шест гола разлика, успеаја да ја обезбедат само минималната победа.

Овој резултат е од голема важност за македонската репрезентација пред натпреварот во Кардиф закажан за вторник, доволно ќе ѝ биде дури и нерешен резултат за да го освои второто место во групата Ј и да се пласира во баражот за Светското првенство 2026.

Сепак, постои и теоретска, „чудна“ варијанта: ако Белгија загуби од Лихтенштајн на домашен терен, тогаш една победа на Македонија против Велс ќе ѝ донесе директен пласман на Мундијалот 2026, кој ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестАлкараз го прегази Феликс и закажа ново финале со Синер
Следна вестКосово испиша историја – за прв пат ќе игра бараж, БиХ обезбеди најмалку бараж, во игра и за првото место