Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска изврши увид во тековните реконструктивни зафати на основното училиште „Партеније Зографски”.
При посетата, таа истакна дека во континуитет се работи на унапредување на условите за учениците.
„Поставуваме лед осветлување во училниците и ходниците. Во моментот е во тек и реконструкција на тоалетите, а направени се и зафати на електричните разводни табли, со што училиштето станува побезбедно и пофункционално,” изјави Стаменкоска-Трајкоска.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:


