Европските земји „едногласно го повикуваат“ американскиот претседател Доналд Трамп да ги почитува нормите на меѓународното право поради неговите претензии кон Гренланд, иако, истите тие норми самите ги прекршувале во минатото – од Југославија до Либија и Сирија, изјави Претседателот на Комитетот за информативна политика на рускиот Парламент, Алексеј Пушков,
Toj рече: “Погледнете како протестираат Данците и разни други Европејци. Тие едногласно го повикуваат Трамп да се сети на нормите на меѓународното право што самите тие постојано ги кршеле низ целиот свет – од Југославија до Либија и Сирија. Истите тие норми некако им излегоа од глава кога, заедно со САД, почнаа да го отцепуваат Косово од Србија. Затоа НАТО безмилосно ја бомбардираше СР Југославија, вклучително и Белград, 78 дена без санкции од ОН“, напиша Пушков.
Тој наведе дека обидите на југословенското раководство да се повика на меѓународното право биле игнорирани од НАТО и од Данска, како лојална членка на Алијансата, при што биле „флагрантно прекршени“ Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност, со која Косово се утврдува како дел од Југославија.
„Ги предупредивме и САД и Европејците дека со тоа ја отвораат Пандорината кутија, но тие ги отфрлија предупредувањата тврдејќи дека Косово е ‘посебен случај’. Данска активно го бранеше тоа произволно однесување“, изјави Пушков.
Тој додаде дека Европа, а особено Данска, сметала дека вакво нешто никогаш нема да ѝ се случи, но дека, како што рече, „била во голема заблуда“.

