Информацијата што ја обзани вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ дека од 2.250 лица кои работат во неговото министерство, дури 97 проценти се од албанска националност, ја отвори дилемата за почитување на принципот на правична застапеност на малцинските заедници во Македонија.
Јавноста со право се чуди дали во државата нема други етнички заедници, освен албанска, па дури во некои коментари на социјалните мрежи беше поставено и прашањето дали ова министерство треба да се преименува во Министерство на Албанците во Македонија.
Инаку со овој ресор во претходната владата кога и се преполни со вработени раководеше, сега избеганиот од државата, Артан Груби од ДУИ.
Стоилковиќ порача и дека нема да дозволи повторување на претходната пракса да се вработуваат луѓе кои не доаѓаат на работа, а земаат плата. Ниту пак ќе дозволи да се спие на работното место или пак да се игра фудбал или кошарка по канцелариите, како што тоа сакаше да го прави неговиот претходник Груби.