Темен режим Режим на светлина

Лесно можам да ги решам финансиските проблеми на Обединетите нации, кажа Трамп

Обвинетиот за обид за атентат врз Трамп, Рајан Раут, осуден на доживотен затвор Обвинетиот за обид за атентат врз Трамп, Рајан Раут, осуден на доживотен затвор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека финансиските проблеми на Обединетите нации може многу лесно да се решат доколку земјите што не ја платиле членарината бидат натерани веднаш да ги подмират обврските. Во телефонски разговор за „Политико“, Трамп рече дека не бил запознаен со тврдењата дека САД не ги исполнуваат целосно своите финансиски обврски кон ОН.

Тој изрази уверување дека може брзо да обезбеди финансиска стабилност на светската организација, но само доколку ОН официјално го побараат тоа. Притоа, одби да одговори дали Соединетите Американски Држави ќе ги исплатат милијардите долари што им ги должат на ОН, додавајќи дека е доволно да ги повика земјите должници и тие „ќе испратат чекови за неколку минути“.

Во меѓувреме, високи функционери на ОН предупредија дека организацијата би можела да биде принудена да ги намали операциите, па дури и да го затвори седиштето во Њујорк доколку се соочи со недостиг на готовина, објави „Њујорк тајмс“. Трамп оцени дека таков потег не би бил соодветен и нагласи дека ОН не треба да ги напуштат Њујорк и САД, бидејќи, според него, имаат огромен потенцијал. Тој додаде дека во иднина ОН ќе имаат улога во решавањето на воените конфликти, кога тој веќе нема да може да го прави тоа.

Трамп потсети дека и во првиот и во вториот мандат се повлекол од низа мултилатерални институции, а во јануари потпиша извршна наредба за повлекување на САД од 66 организации, агенции и комисии, меѓу кои и агенцијата на ОН за население, како и договорот со кој се воспоставуваат меѓународни преговори за климата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Добро е што се поправаат спортските терени, но се е џабе ако здивените скопјани пак на нив вежбаат уништување

Следна објава
Планирани исклучувања на струја во Центар, Бутел и Карпош

Прекин на струја денеска во Аеродром и Шуто Оризари