Dark Mode Light Mode

Обвинителството отвори предмет за наводен извоз на мозоци од Македонија во САД

ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Јавното обвинителство на Македонија, врз основа на информации објавени во повеќе медиуми, отвори предмет по допрен глас во врска со наводите што произлегуваат од документите поврзани со случајот Џефри Епштајн. Во тие документи се посочува дека примероци од мозоци на починати лица од Македонија наводно биле транспортирани во САД за научно-истражувачки цели.

Со оглед на сериозноста и природата на наводите, кои опфаќаат обработка, замрзнување и меѓународен транспорт на човечки ткива, како и можни прашања поврзани со почитувањето на законските и етичките стандарди за експериментирање со човечки примероци, Обвинителството формира предмет со цел да ги испита сите индиции за евентуално постоење кривично дело што се гони по службена должност.

Предметот е доставен на понатамошно постапување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Ова обвинителство треба да преземе активности за прибирање официјални информации од надлежните органи, институции и здравствени установи, со цел да се утврди дали имало нелегално постапување со човечки ткива и биоматеријали, како и евентуални пропусти или злоупотреби при издавање дозволи и обезбедување согласност.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Previous Post

Падот на Bitcoin на почетокот на 2026 година – што покажува техничката анализа и што го движи пазарот

Next Post

Во Абу Даби продолжение на преговорите за наоѓање решение за ставање крај на војната во Украина