Темен режим Режим на светлина

Потреси од Албанија и Грција почувствувани во Македонија

Потреси од Албанија и Грција почувствувани во Македонија Потреси од Албанија и Грција почувствувани во Македонија

Два послаби земјотреси биле почувствувани синоќа во југозападниот дел од Македонија, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Првиот земјотрес бил регистриран во 19:50 часот, а бил почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Според податоците, неговиот епицентар се наоѓал на територијата на Грција, на околу 100 километри југоисточно од Скопје.

Вториот земјотрес се случил во 23:10 часот и бил почувствуван во Битола, Охрид и околните места, исто така со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот на овој потрес потекнува од соседна Албанија, на околу 150 километри југозападно од Скопје, со локална магнитуда од 3,7 степени според Рихтеровата скала.

Од Сеизмолошката опсерваторија посочуваат дека станува збор за земјотреси со слаб интензитет, какви што се вообичаени за поширокиот регион.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Следна објава
Обвинетиот за обид за атентат врз Трамп, Рајан Раут, осуден на доживотен затвор

Обвинетиот за обид за атентат врз Трамп, Рајан Раут, осуден на доживотен затвор