Предлог-закон за укинување на дискреционото право на директорите во јавното здравство при вработување, ќе поднесе пратеничката група на „Левица” до македонското Собрание.
Со законот се воведува обврска за избор на најдобро рангираните кандидати на транспарентни конкурси со јасни, мерливи и проверливи критериуми, соопштија од партијата.
„Јавното здравство мора да биде систем на знаење, одговорност и еднакви шанси, а не поле за семејни и партиски привилегии.
Левица ги повикува сите пратеници во Собранието да го поддржат овој Предлог-закон и да застанат на страната на јавниот интерес, здравствените работници и пациентите, а против непотизмот и неквалитетот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




