Темен режим Режим на светлина

Градоначалникот на Прилеп се сретна со Генералната конзулка на Република Грција

Градоначалникот на Прилеп се сретна со Генералната конзулка на Република Грција Градоначалникот на Прилеп се сретна со Генералната конзулка на Република Грција

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со Генералната конзулка на Република Грција, г-ѓа Деспина Ипиоти, посветена на можностите за продлабочување на соработката во повеќе области од заеднички интерес, со посебен акцент на прекуграничната соработка.

Според соопштението од општината, на средбата беше истакната важноста од продлабочување на регионалната соработка како клучен фактор за унапредување на локалниот развој и услуги за граѓаните.

Како што е наведено, Општина Прилеп останува отворена за размена на идеи, искуства и добри практики, како и за иницирање конкретни активности што ќе придонесат за развојот на заедницата.

На средбата, исто така, се разговараше за значењето на соработката на локално ниво и за можните заеднички проекти кои би донеле реални придобивки за граѓаните и на двете страни.

Од општината потенцираа дека ваквите средби се важен чекор кон градење стабилни партнерства, нови можности и позитивни резултати за Општина Прилеп.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Улица од злато и мост со клима – нови планови на Дубаи

Улица од злато и мост со клима - нови планови на Дубаи

Следна објава
Улицата „Цветан Димов“ чекор поблиску до реализација како клучен проект за Чаир

Улицата „Цветан Димов“ чекор поблиску до реализација како клучен проект за Чаир