Темен режим Режим на светлина

Ако советот не даде позитивно мислење за ниту еден од кандидатите за државен jавен oбвинител ќе се повтори постапката со нов оглас

Ако советот не даде позитивно мислење за ниту еден од кандидатите за државен jавен oбвинител ќе се повтори постапката со нов оглас Ако советот не даде позитивно мислење за ниту еден од кандидатите за државен jавен oбвинител ќе се повтори постапката со нов оглас

„До Советот на јавни обвинители сѐ уште не се доставени пријавите од кандидатите кои конкурирале на огласот за избор на нов Јавен обвинител”.
Ова го изјави претседателот Башким Бесими, со објаснување зошто на денешната седница на Советот не е оваа точка на дневен ред.
„Кога ќе стигнат, во законски рок од 15 дена, ќе дадеме одговор за кандидатите”, дообјасни Бесими.
По добивањето на мислењето од Советот, Владата треба да утврди предлог и да го достави до Собранието, каде со 61 глас се избира новиот државен јавен обвинител.
Ако Советот не достави позитивно мислење за ниту еден кандидат, Владата не може да предложи избор и Собранието мора да распише нов оглас.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
„Левица” предлага закон за департизација и искоренување на непотизмот во јавното здравство

„Левица" предлага закон за департизација и искоренување на непотизмот во јавното здравство

Следна објава
Уран директен: Неочекувани промени и шокантни можности за твојот знак

Уран директен: Неочекувани промени и шокантни можности за твојот знак