Темно Режим Светло Режим

Повеќе активности во Собранието: Расправа за вештачка интелигенција и органско земјоделство

Повеќе активности во Собранието: Расправа за вештачка интелигенција и органско земјоделство Повеќе активности во Собранието: Расправа за вештачка интелигенција и органско земјоделство

Во Собранието денеска се одржуваат повеќе активности и седници на собраниски работни тела. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе одржи неформален седмичен брифинг со новинарите, додека Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во прво читање ќе го разгледа Предлог-законот за органско земјоделско производство.

Во собраниската сала „Борис Трајковски“ ќе се одржи и јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема „Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор“.

На расправата воведни обраќања ќе имаат министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и главниот државен ревизор Максим Ацевски, информира собраниската служба за информирање.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Релативно топло време со врнежи во западните делови

Времето денес нестабилно, од утре заладување

Следниот Пост
Продолжува јавната дебата за Законот за високо образование

Продолжува јавната дебата за Законот за високо образование