„Реконструиран е дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка”, објави денеска премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук и дообјасни дека проектот опфати поставување нов асфалтен слој, уредување на банкини од двете страни на коловозот, изградба на армирано-бетонски пропусти и потпорни ѕидови, како и оформување отворени канали, риголи, тротоари и ивичници на клучните делови од трасата.
„Со вкупна должина од 6,42 километри и со ширина на коловозот од 3,5 метри, патот доби стабилна, функционална и долготрајна сообраќајна инфраструктура”, објави премиерот Мицкоски.
Инвестицијата во износ од нешто над 1 милион евра е обезбедена од Владата преку Министерството за транспорт.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: