Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале 653 кубни метри непрописно одложен отпад на територијата на градот Скопје.
Од комуналното претпријатие информираа и дека повторно интервенирале на Пластичарската улица, каде што биле подигнати приближно 60 кубни метри
мешан комунален отпад од три помали диви депонии.
Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена Скопје минатата недела врачила 32 записника за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад. Најголем број записници се напишале во скопската општина Чаир.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: