Комуналните инспектори и комуналните редари на општина Центар претходната недела изрекле вкупно 86 казни за непрописно паркирање на јавни и зелени површини.
Контролите биле фокусирани на подрачјата на Дебар Маало и Градски ѕид, каде најчесто се евидентираат вакви прекршоци.
На секое непрописно паркирано возило се остава известување за сторен прекршок, а казната изнесува 50 евра, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар. Доколку
прекршочниот платен налог се подигне и се плати во рок од осум дена, сторителот има можност да плати половина од износот на изречената казна.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: