Темен режим Режим на светлина

Демократска Партија на Турците на Македонија со коментар на измените на Законот за високото образование

Демократска Партија на Турците на Македонија со коментар на измените на Законот за високото образование Демократска Партија на Турците на Македонија со коментар на измените на Законот за високото образование

Демократска Партија на Турците на Македонија преку соопштение се огласи дека внимателно, одговорно и со висок степен на посветеност го следи процесот на измените на Законот за високото образование.

„Во таа насока, преку континуирани консултации со релевантни институции, како и со експерти од областа на правото и образованието, нашите ставови, оценки и резерви – особено во однос на заштитата на правата и стекнатите придобивки на турската заедница – јасно и недвосмислено се пренесуваат до надлежните институции.

Посебно потенцираме дека секое законско решение кое би можело да го ограничи правото на образование на различни јазици или да создаде основа за затворање на универзитети и студиски програми е неприфатливо.
Принципите на повеќејазичност и образовен плурализам, гарантирани со Уставот, мора да се зачуваат, унапредат и дополнително зајакнат.

Демократска Партија на Турците на Македонија – ДПТМ ги поддржува сите конструктивни реформи насочени кон унапредување на квалитетот на образованието. Сепак, јасно истакнуваме дека нема да поддржиме никакви решенија што ги ограничуваат уставните права, го нарушуваат општествениот баланс и ги поткопуваат демократските вредности.

Во наредниот период, преку нашиот пратеник, ќе предложиме конкретни измени во Собранието, со цел да придонесеме кон изнаоѓање правично, инклузивно и одржливо решение.

Нашиот став е јасен:
Демократијата се зајакнува само кога сите заедници се еднакво и правично претставени.

Со оваа определба, ќе продолжиме со нашата решителна заложба за заштита на општествените права, зајакнување на уставниот поредок и унапредување на демократските вредности“, стои во соопштението на ДПТМ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Цената на сировата нафта продолжува да расте, повторно е над 100 долари за барел

Цената на сировата нафта продолжува да расте, повторно е над 100 долари за барел

Следна објава
Уапсен Сејдини екс претседателот на ФФМ, се сомничи за злоупотреба на пари од УЕФА за охридскиот стадион

Уапсен Мухамед Сејдини, екс претседателот на ФФМ, под сомнение за злоупотреба на пари од УЕФА за охридскиот стадион