На пазарот на криптовалути денеска преовладува оптимизам, а вредноста на биткоинот (BTC) на најголемата светска крипто-берза Binance во 15 часот достигна 68.879,28 евра, што претставува раст од 0,21 отсто. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 29,14 милијарди евра, пренесува Tanjug.
Специјализираните крипто-портали, меѓу кои и CoinDesk, укажуваат на мешани сигнали на глобалните пазари. Од една страна доминира претпазливост поради геополитичките тензии, а од друга страна расте оптимизмот во технолошкиот сектор, поттикнат од развојот на вештачката интелигенција.
Глобалните фондови за криптовалути забележале прилив од 858 милиони долари во последната недела, што претставува шеста последователна позитивна недела за секторот. Индексот „Страв и алчност“ (Fear and Greed Index) за биткоинот денеска е на ниво 48, во категоријата „неутрално“, што е благо подобрување во однос на вчерашните 47 поени.
Раст денеска бележат и другите водечки криптовалути. Етериум (ETH) е повисок за 0,25 отсто и изнесува 1.980,35 евра, „бајненс коин“ (BNB) порасна за 0,88 отсто на 556,79 евра, солана (SOL) скокна за 1,73 отсто на 80,72 евра, а аваланш (AVAX) порасна за еден отсто и достигна 8,57 евра.
Најголем обем на тргување денеска е забележан кај биткоинот, етериумот и соланата.



