Темен режим Режим на светлина

Расправија во Скопје завршила со напад врз малолетник во угостителски објект

„Чешлање“ на МВР околу лажните боледувања треба да се прошири и да се направи со специјален чешел за вошки „Чешлање“ на МВР околу лажните боледувања треба да се прошири и да се направи со специјален чешел за вошки

Група малолетници фрлале разни предмети кон угостителски објект во Скопје, сопственикот излегол и истепал едно дете

Во Скопје се расчистува инцидент во кој учествувале група малолетници и сопственик на угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар.

Според пријавата во СВР Скопје, малолетниците околу 20:00 часот фрлале разни предмети кон објектот, по што сопственикот на локалот пријавил нарушување на мирот и штета врз неговиот имот.

Подоцна, околу 20:50 часот, дошло до физички инцидент, при што малолетен син на еден од учесниците бил нападнат од сопственикот на објектот, 53-годишен скопјанец.

Случајот бил пријавен во полиција околу 21:50 часот од страна на родител на малолетното лице. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Биткоинот со раст: Достигна 68.879 евра на Binance

Биткоинот со раст: Достигна 68.879 евра на Binance

Следна објава
„Чешлање“ на МВР околу лажните боледувања треба да се прошири и да се направи со специјален чешел за вошки

Пешак загина во тешка несреќа на патот Градско – Прилеп