Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека поради интервенции во водоводната мрежа, денеска делови од главниот град ќе останат без вода.
Според најавата, поради зафат на улицата „Коста Абрашевиќ“ бб, кај ОУ „Хасан Приштина“, од 09:00 часот па сè до завршување на работите, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците „Коста Абрашевиќ“, „Цветан Димов“, „Панче Неделковски“, „5-ти Мај“ и „Кемал Ататурк“ во Општина Чаир.
Дополнително, поради интервенција во водоводната мрежа на булеварот „Партизански одреди“ бр. 48а, од 09:00 часот без вода ќе останат и дел од корисниците од булеварот и околните улици во Општина Карпош, сè до завршување на зафатот.
Од „Водовод и канализација“ апелираат до граѓаните за разбирање и трпение додека траат интервенциите.



