Шест мажи и две жени се уапсени под сомение дека го извршиле вчерашниот вооружен грабеж во филијала на банка во градот Като Титотреа во Грција, од каде што одзеле околу 200.000 евра.
Министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис во интервју за државната телевизија „ЕРТ” утрово објасни дека полицијата веќе подолго време ја следела конкретната група, што стои и зад други грабежи, еден голем и неколку помали.
Портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду за телевизијата „Скај” објасни дека станува збор за лица на возраст меѓу 24 и 33 години.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




