Темен режим Режим на светлина

Кривична пријава и притвор за раководител на образовен центар во Штип, допирал по телото ученички

Кривична пријава и притвор за раководител на образовен центар во Штип, допирал по телото ученички Кривична пријава и притвор за раководител на образовен центар во Штип, допирал по телото ученички

На 11.05.2026 во 19:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип. Тој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички.

Настанот во полициска станица го пријавиле родители во присуство на ученичките и на претставници на Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Штип.

Со судска наредба извршени се претреси во неговиот дом и во образовниот центар и одземени се предмети за понатамошна постапка.А.Ш. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него е поднесена кривична пријава, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор од 30 дена.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Неверојатна приказна: 29-годишен Македонец крадел само за да оди зад решетки, за да се одвикне од алкохол

Од приближно 200 докази за набавката на мазутот за ТЕЦ Неготино нe е утврден елемент за кривично гонење, соопшти Обвинителството

Следна објава
Кривична пријава против три лица од Гевгелија и Струмица, организирале набавка и продажба на кокаин

Кривична пријава против три лица од Гевгелија и Струмица, организирале набавка и продажба на кокаин