Темен режим Режим на светлина

Специјален трибунал и смртна казна за нападите на Хамас

Специјален трибунал и смртна казна за нападите на Хамас Специјален трибунал и смртна казна за нападите на Хамас
Хамас

Израелскиот парламент усвои нов закон со кој се формира специјален трибунал за судење на учесниците во нападите на Хамас од 7 октомври 2023 година, а законот предвидува и можност за изрекување смртна казна.

Законот беше изгласан со големо мнозинство во Кнесетот и се однесува на лицата обвинети за учество во нападите во кои беа убиени околу 1.200 луѓе и беа земени стотици заложници.

Според новите правила, судењата ќе ги води специјален воен суд во Ерусалим, а во одредени случаи ќе може да се изрече и смртна казна, иако во Израел таа речиси никогаш не се применува. Последното извршено погубување во Израел било во 1962 година, кога бил егзекутиран нацистичкиот функционер Адолф Ајхман.

Организации за човекови права и дел од меѓународната јавност остро реагираа на законот, оценувајќи дека постои ризик од политизирани процеси и нарушување на правото на фер судење.

Воедно, претходно Израел усвои и посебен закон со кој смртната казна станува стандардна казна за Палестинци осудени за смртоносни напади врз Израелци, што предизвика критики од ЕУ и повеќе меѓународни организации.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
САД трупа војска во соседството на Иран, преговорите продолжуваат во Женева во четврток

Иран предупредува: Ако САД повторно не нападне ќе го збогатиме ураниумот до ниво потребно за нуклеарно оружје

Следна објава
Мицкоски: Бројот на невработени за една година е намален за 10.000

Мицкоски: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП