Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска делови од Скопје ќе останат без електрична енергија.
Според најавата, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „95“ во населбата Волково, во Општина Ѓорче Петров.
Дополнително, од 12:00 до 15:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и кај дел од корисниците на улицата „16“ во селото Долно Соње, во Општина Сопиште.
Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите обврски додека траат техничките зафати на мрежата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

