Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час.
Утринската температура ќе се движи од 7 до 13 степени, додека максималната дневна температура ќе биде меѓу 17 и 31 степен.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 11 до 29 степени.
За утре, УХМР прогнозира променливо облачно време со услови за слаб локален дожд и слаб до умерен ветер. Дневната температура ќе достигне од 20 до 26 степени.
Според најавите, во среда ќе има променливо облачно време со сончеви периоди и можност за слаб локален дожд. Од петок и за време на викендот се очекува нестабилно време, со попладневни врнежи, грмежи и засилен ветер. Наместа се можни и поинтензивни временски непогоди проследени со обилен дожд, силни електрични празнења и услови за појава на град.



