Темен режим Режим на светлина

Медицинските сестри и акушерките добија признание за нивната улога

Медицинските сестри и акушерките добија признание за нивната улога Медицинските сестри и акушерките добија признание за нивната улога

Оваа недела претставува потсетник за огромната улога што медицинските сестри и акушерките ја имаат во здравствениот систем и во општеството во целина. Нивната професија, како што беше истакнато, не е само работа, туку секојдневна грижа, посветеност, хуманост и поддршка за пациентите и нивните семејства.

Министерот за здравство Азир Алиу ова го истакна на свечената академија во Тетово, организирана од Сојузот на здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“.

Тој порача дека медицинските сестри се столбот на здравствената заштита и дека без нивната стручност, пожртвуваност и човечки пристап не може да се замисли квалитетен здравствен систем, од превенција и дијагностика, до лекување, рехабилитација и нега.

Во своето обраќање, Алиу ја нагласи и потребата од континуирано унапредување на условите за работа, професионален развој и зајакнување на кадарот во јавните здравствени установи.

На крајот, упати благодарност до сите медицински сестри и акушерки за нивната посветеност, професионалност и секојдневна грижа за пациентите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Поради влошената безбедносна состојба, МНР ги повикува граѓаните да заминат од Мексико

МНР реагираше на изјави од Брисел и употреба на спорен термин од бугарската министерка

Следна објава
Неверојатна приказна: 29-годишен Македонец крадел само за да оди зад решетки, за да се одвикне од алкохол

Од приближно 200 докази за набавката на мазутот за ТЕЦ Неготино нe е утврден елемент за кривично гонење, соопшти Обвинителството