Темен режим Режим на светлина

Живко Мукаетов: Долгорочниот успех се гради со инвестиции во луѓе и технологија

Живко Мукаетов: Долгорочниот успех се гради со инвестиции во луѓе и технологија Живко Мукаетов: Долгорочниот успех се гради со инвестиции во луѓе и технологија

Компаниите од Македонија и од регионот мора да ги надминат локалните деловни модели и да работат според глобални стандарди ако сакаат да останат конкурентни на меѓународните пазари, порача генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид, Живко Мукаетов, на Самитот Македонија 2025.

На самитот, бизнис-лидери од регионот разговараа за потребните системски промени за економски раст, интернационализација и задржување на талентите во Југоисточна Европа. Во рамки на панелот „Од потенцијал до перформанси: може ли регионот да скалира?“, Мукаетов говореше за развојот на „Алкалоид“ од регионален производител во глобално конкурентна фармацевтска компанија.

Според него, растот на компанијата е резултат на долгорочна стратегија и постојани инвестиции во производство, истражување, развој, технологија и човечки ресурси.

„Визијата за глобализација започна со изградба на нови производствени капацитети во раните 2000-ти години, а клучниот чекор кон европските пазари беше направен во 2007 година, кога ја потврдивме усогласеноста со ЕУ-GMP стандардите и го добивме првото одобрение за лек во Европската Унија“, изјави Мукаетов.

Тој нагласи дека денес „Алкалоид“ има 1008 маркетиншки авторизации за лекови на пазарите во Европската Унија, додека фармацевтскиот сегмент учествува со 91 процент во вкупната продажба на компанијата.

Мукаетов предупреди и на проблемот со одливот на таленти, оценувајќи дека тоа останува еден од најголемите предизвици за Македонија и регионот. Според него, компаниите мора активно да вложуваат во образование и развој на кадар.

Во таа насока, „Алкалоид“ инвестира во сопствена академија, практикантски програми, дуално образование и стипендии за студенти по медицина и фармација, со цел да придонесе за создавање и задржување квалитетен кадар во државата.

„Нашата стратегија за луѓето е и наша бизнис-стратегија“, порача Мукаетов, додавајќи дека долгорочниот успех на компанијата се темели на доверба, развој на таленти и силна организациска култура.

На панелот учествуваа и Методија Папазоски, Александар Сератлиќ, Ана Драшковиќ и Огњен Лазиќ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Починато петмесечно бебе донесено на детската клиника во Скопје

Починато петмесечно бебе донесено на детската клиника во Скопје

Следна објава
Северна Кореја ја прошири можноста за активирање нуклеарна одбрана

Северна Кореја ја прошири можноста за активирање нуклеарна одбрана