Темен режим Режим на светлина

Пешак загина во тешка несреќа на патот Градско – Прилеп

„Чешлање“ на МВР околу лажните боледувања треба да се прошири и да се направи со специјален чешел за вошки „Чешлање“ на МВР околу лажните боледувања треба да се прошири и да се направи со специјален чешел за вошки

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случи попладнево во Росоман, каде животот го загуби 89-годишен пешак.

Несреќата била пријавена во 18:55 часот на регионалниот пат Градско–Прилеп, кога товарно возило „сканија“ со кавадаречки регистарски таблички, управувано од 45-годишен возач од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ. од Росоман.

Од здобиените повреди, пешакот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кавадарци.

За случајот бил известен јавен обвинител, додека увид на местото врши екипа од ОВР Кавадарци со цел да се утврдат причините за трагедијата.

Поради несреќата, сообраќајот на овој патен правец е целосно во прекин, а возилата се пренасочуваат по околните регионални патишта.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
„Чешлање“ на МВР околу лажните боледувања треба да се прошири и да се направи со специјален чешел за вошки

Расправија во Скопје завршила со напад врз малолетник во угостителски објект

Следна објава
Муцунски се огласи по ескалацијата: Македонија стои зад американските сојузници

Муцунски до Чамова: Македонците се Македонци, не „северномакедонци“