Темен режим Режим на светлина

Татко рано утрово го пронашол починато своето петмесечно бебе

Татко рано утрово го пронашол починато своето петмесечно бебе Татко рано утрово го пронашол починато своето петмесечно бебе

Петмесечно бебе од скопско било донесено без знаци на живот на Детската клиника во Скопје, откако таткото рано утрово го пронашол починато во семејниот дом во општина Чучер-Сандево.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен денеска во 06:05 часот од Детската клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Како што е наведено, таткото околу 05:30 часот забележал дека неговото петмесечно бебе, кое било предвреме родено, не давало знаци на живот, по што веднаш го однел на Клиниката.

Лекар на Детската клиника констатирал смрт, а надлежните институции преземаат мерки за утврдување на сите околности поврзани со случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Мицкоски: Бројот на невработени за една година е намален за 10.000

Мицкоски: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

Следна објава
„Богат“ полициски викенд билтен – серија инциденти низ Скопје

Тинејџер во животна опасност по напад во основно училиште во Скопје