Темен режим Режим на светлина

Како храната може да ја намали ефикасноста на лековите

Четири идеи за хранлив и балансиран појадок Четири идеи за хранлив и балансиран појадок

Дали знаевте дека храната што ја консумирате може да влијае на начинот на кој делуваат вашите лекови? Одредени намирници можат да ја намалат нивната ефикасност или да го зголемат ризикот од несакани ефекти.

„Дури и навидум здравите промени во исхраната понекогаш можат да влијаат на начинот на кој лековите делуваат во телото“, вели Марк Бурдон, фармацевт во Англија.

Интеракциите меѓу храна и лекови можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми, па затоа е важно да се знае кои комбинации треба да се избегнуваат. Експертите особено предупредуваат на грејпфрут, лиснат зелен зеленчук, млечни производи и алкохол кога се комбинираат со лекови како антибиотици, статини, антикоагуланси и лекови за крвен притисок.

Грејпфрут

Грејпфрутот е една од најпроблематичните намирници кога станува збор за комбинирање со лекови. Тој може да влијае на ензимите во црниот дроб кои ги разградуваат одредени лекови, што доведува до зголемено ниво на лекот во крвта и поголем ризик од несакани ефекти. Ова важи за дел од статините, лекови за крвен притисок, анксиозност, антихистаминици, кортикостероиди и имуносупресиви. Во некои случаи може да ја намали и ефикасноста на одредени лекови. Експертите предупредуваат дека ефектот може да трае и до 24 часа, па временското одвојување не секогаш помага.

Лиснат зелен зеленчук

Спанаќот, кељот, брокулата и сличниот зеленчук се богати со витамин К, кој може да влијае на дејството на лекови за разредување на крвта. Прекумерниот или нагло зголемен внес може да ја намали ефикасноста на лекови како варфарин. Затоа не се препорачува целосно избегнување, туку конзистентен дневен внес и консултација со лекар за прилагодување на терапијата.

Млечни производи

Млекото, сирењето и јогуртот можат да ја намалат апсорпцијата на одредени антибиотици, особено флуорокинолони, бидејќи калциумот се врзува со лекот во дигестивниот систем. Тоа може да ја намали неговата ефикасност и да доведе до послабо лекување на инфекцијата. Сличен ефект може да имаат и кај левотироксин.

Алкохол

Алкохолот може да засили делување на седативи, лекови против болки и психијатриски терапии, што доведува до зголемена поспаност и ризик од повреди. Исто така може да влијае на лекови за артритис, дијабетес, крвен притисок и холестерол, а во комбинација со некои лекови може да предизвика и посериозни реакции, вклучително и оштетување на црниот дроб и проблеми со желудникот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
„Нераѕурите“ го освоија Купот на Италија со победа над Лацио

„Нераѕурите“ го освоија Купот на Италија со победа над Лацио

Следна објава
Македонски државјани се враќаат дома: Авион со 151 патник пристигна во Скопје

Цариниците пронашле муниција во куфер – приведен патник од Косово