Регистрирани се 440 граѓани кои што во изминатово деноноќие не носеле заштитни маски и со тоа направиле прекршок, соопшти денеска МВР.
Во информацијата на МВР не се наведува дали на овие лица им е изречена казна, која изнесува 1200 денари.
Инаку, во информацијата се наведува дека на 368 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација.
-Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирано е едно лице кое на ја почитувало мерката за самоизолација, информира МВР.