Четириесет и двегодишен Германец вчера е пронајден починат во стан на улица „Јордан Мијалков“ во Скопје.
-На 28.05.2020 во 16.42 часот во СВР Скопје, С.И. пријавила дека во стан на ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје го пронашла починат Х.Н.(42) од СР.Германија. Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.