Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска потврди дека неговиот сопартиец Мухамед Зекири е позитивен на корона вирусот.
-Потпретседателот на партијата Мухамед Зекири се заразил на ифтарска вечера кај брат му, истакна Заев.
По кратко време од оваа изјава на партискиот лидер се огласи и потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири преку Фејсбук.
-Заради ненамерната грешка на претседателот Зоран Заев на денешната прес-конфернција дека сум се заразил на ифтар кај брат ми, сакам само да ве информирам дека: За целото времетраење на полицискиот час ниту сум имал дозвола за движење, ниту било кога сум прекршил некоја од мерките за забрана за движење! За целото времетраење на месецот Рамазан сите ифтрски вечери ги имав дома, само со членовите на домаќинството – и без посети од никого. Првото излегување ми беше на Бајрамскиот викенд и за празникот имав средба само со најтесното семејство. Тие лица ќе бидат допрва тестирани, така што до сега само ние сме потврдени позитивни на вирусот, напиша Зекири.