Починал 58-годишниот скопјанец на автопатот Скопје – Свети Николе откако бил приклештен од сопствениот автомобил. Полицијата соопшти дека несреќата се случила ноќеска во 01.30 часот откако Б.К. застанал со возилото пред напланатата станица Миладиновци на оваа сообраќајница.
-Патничко возило „Ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(58), застанало и тој излегол од возилото. Во еден момент возилото се придвижило наназад и со задниот дел го притиснало Б.К. во банкината на патот, по што починал на местото на незгодата, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.