Вчера на патот од Средно Водно кон Сопиште се случила сообраќајна незгода помеѓу мотор, управуван од П.С.(22) од Скопје, и велосипед, управуван од Б.П.(32) од Скопје.
По незгодата, двајцата биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде што им биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.