Власта предводена од СДСМ одамна го изгуби својот компас, посочуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи дека поради тоа се усложнува здравствената ситуација во Македонија.
-До вчера од СДСМ велеа одиме на избори, за да воведат полициски час од вчера во одредени општини, што уште еднаш покажува дека е тотална дезориентираноста и очајот на оваа Влада предводена од СДСМ.
Уште еден показател кој претставува сериозна загриженост за граѓаните, Венко Филипче во неколку наврати се обидува да прикрие бројки на новозаболени од корона заразата нормално по наредба на Зоран Заев. Ова е навистина сериозно и за ова треба да се одговара.
Најпрвин директорот на болницата во Штип кој е член на СДСМ, поранешен пратеник на СДСМ, пред неколку дена објави дека има 14 нови заболени во Штип, а Венко Филипче истиот тој ден подоцна објави дека има само еден. Значи Венко Филипче се обиде да сокрие 13 случаеви во Штип.
Потоа истиот Венко Филипче најпрвин објави бројка од 67 новозаразени на целата територија на Република Македонија за да после неколку часа да дополнат од министерството преку соопштение дека не се 67 туку се 76 новозаразени. Неверојатно е со каква леснотија кријат новозаболени.
Вчера Аце Коцевски градоначалникот на Велес од редовите на СДСМ објави дека има четворица новозаразени, а Филипче подоцна на својот фејсбук профил објави дека има само двајца велешани кои што се новозаразени од корона заразата.
Само во 3 наврати, Венко Филипче се обиде да прикрие над 20-тина случаеви во рок од 3 дена. Колку ли само има прикриено случаеи Венко Филипче низ целата држава што не ги кажува само за да го задоволи својот шеф Заев и да каже дека се е нормално.
За жал не е. Дезориентираноста на оваа неспособна власт не доведе до тоа да самите тие луѓе од СДСМ да бидат џелати на сопствениот народ, посочи на денешната прес конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.