Добавувачите на храна, супермаркетите и останатите угостители се најдоа затекнати од доцна најавениот полициски час. Се жалат дека немале време да се подготват, па дел од нив не ни вршат достава. Што се однесува до маркетите барем оние поголемите, и тие се најдоа неподготвени. Тоа се виде уште во четвртокот пред полицискиот час. Околу 18 часот леб немаше во ниеден од поголемите супермаркети во градот.
-Не затекна неподготвени, не знаевме дека ќе има полициски час, но имаше најава. Ние кои вршиме достава мора да работиме, нема многу работа, подготвени сме со залихи, но се зависи од динамиката на работа – вели Трајче Т., угостител.
Сепак помалите продавници поминуваат подобро.
-Навистина доцна најавија дека ќе има полициски час но ние како локална продавница имаме постојано залихи за нашите потрошувачи. На прво место, најмногу се нарачува алкохол, прехрамбени производи итн, вели трговецот Дамјан Д.
Луѓето сега нарачуваат и пазарат по телефон, ама секако изборот на продукти е помал отколку минатите викенди под полициски час.