Вкупно 386 граѓани во изминатово деноноќие направиле прекршок со неносење на заштитни маски, соопшти денеска МВР. Казна за вакво вид прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност. Најмногу прекршители имало во Охрид – 105, во Тетово и Битола по 41, Струмица 24, Скопје 18.
-По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 154 лица не ја почитувале забраната за движење. При ова лишени од слобода се 130 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, се наведува во инфорамцијата.
Во текот на изминатото деноноќие на 249 лица им се издадени решенија за изолација, а 132 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што констатирано е дека две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.