По Бугарија и Црна Гора, сега и Словенија реши да не дозволи слободно влегување на македонските државјани на нејзина територија. Словенечката Влада објави дека донела одлука сите оние кои доаѓаат од Македонија да мораат да одат во задолжителен 14 дневен карантин. Ваквата одлука важи за сите, без разлика дали се државјани на Словенија, Македонија или држава членка на Европската Унија.
– Епидемиолошката ситуација во Северна Македонија е вонредно тешка. Сите они кои во Словенија ќе дојдат од таа држава, дури и словенечките државјани, мораат да одат во 14 дневен карантин, објави словенечкото Министерство за внатрешни работи.
Карантинот за Словенците кои се враќаат дома од други земји е укинат пред три недели.
Сега се очекува да се види дали слична одлука ќе донесе и грчката влада. Вчера беше најавено дека оваа земја ќе ја преоценува одлуката со која од 15 јуни таму се дозволува влезот за нашите државјани без 14 – дневниот карантин.