Надлежните провериле: Скопјани пијат чиста вода

И најновата контрола на водата што ја пијат граѓаните на Скопје покажала дека таа е исправна и здрава за употреба.

ЈП Водовод и канализација – Скопје денеска соопшти дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 01.06.2020 до 05.06.2020 зема 149 примероци за физичко-хемиска и 149 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се наведува во неделниот извештај.

Претходна вестСо пиштол и чанта полна куршуми шетал по „Пластичарска“ во ек на полициски час
Следна вестБројот на новозаболени никако да опадне: Нови 127 заразени, тројца починати