Конкурсот за наградата „Рациново признание“ за 2020 година е отворен и ќе трае до 1 август- ова е крајниот рок до кога заинтересираните можат да се пријавуваат, соопшти општина Велес.
Право на учество на конкурсот имаат сите издавачи и автори кои од јуни 2019 година до мај 2020 година објавиле прозни дела на македонски автори. Делата треба да бидат доставени во три примероци на адреса: Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес, со назнака: „За конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2020 година.
Наградата „Рациново признание 2020“ ќе биде доделена на манифестацијата „Рацинови средби“ која годинава поради пандемијата ќе се одржи наесен наместо според традицијата во јуни.