Вкупно 2.169 граѓани на Македонија направиле прекршок со неносење на заштитна маска во текот на изминатиов викенд, информира на својот профил на социјална мрежа Фејсбук министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Од нив, 705 прекршоци се направени во изминатово деноноќие. Парична санкција за ваков прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност. Откако е воведена оваа обврска прекршоци нрпавиле 19.709 граѓани.
-Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на викендот извршени се 987 контроли при што се евидентирани 2 објекти кои не ги почитувале одлуките, се наведува во инфорамцијата.
На територијата на целата држава за време на викендот издадени се вкупно 1145 решенија за изолација, а 738 лица потпишале изјави за самоизолација, од кои 566 решенија и 178 изјави во изминатото деноноќие. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што евидентирани се 16 лица кои не ги почитувале овие мерки, од кои 1 лице во изминатото деноноќие. Во државен карантин се спроведени вкупно 398 лица за време на викендот, а 96 од нив се во изминатото деноноќие.