Со тешки телесни повреди се здобило петгодишно девојче во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во струмичко, соопшти полицијата. МВР информира дека несреќата се случила во селото Банско.
-Во вечерните часови на 29 јуни, мотоцикл без регистарски ознаки, управуван 29-годишник од селото, удрил во девојче пешак на возраст од пет години. Девојчето од ударот се здобило со тешки повреди и било пренесено во Медицинскиот центар Струмица, се наведува во инфорамцијата.
На месотото на инцидентот бил извршен увид од екипа од СВР Струмица.