Еве примери од минативе неколку денови: Марихуана била пронајдена кај 17-годишниот малолетник на бул. „Илинден“, па на бул. „Гоце Делчев“ прво била приведено 16-годишното девојче откако полицајците и нашле марихуана, па на улицата „Анри Барбис“ истата дрога е најдена и кај 17- годишниот малолентик...
Вака е се почесто, но освен што тие се евидентираат во полициските билтени и се наведува дека против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, дали општествените институции најавуваат дека нешто ќе биде преземено? Родителите што прават?
А дека состојбите се загрижувачки покажува и пред две години спроведената ЕПСАД-студија чие истражување на 2.400 средношколци покажало дека 780 користело марихуана…
Зарем сите очи се вперени само во изборна кампања, не се гледа ли што се случува со младината?