Тешко повреден пешак во Скопје. Имено, звтомобил удри во 76-годишен пешак на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје и побегна од местото на незгодата.
Од силината на ударот со тешки телесни повреди се здобил пешакот В.Т. Ова било констатирано во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде пешакот бил пренесен за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.