Од денеска државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ во Македонија можат да влезат само со негативен тест за корона вирус, одлучи Владата.
-Владата донесе одлука со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на РС Македонија, ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест. Тој треба да е направен 72 часа пред влез на територијата на нашата земја и да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот, соопштија од Владата