Силното утринско сонце најавува дека денот ќе биде сончев и топол. Метеоролозите велат дека така ќе биде во цела Македонија. Ќе има умерена локална облачност, а на некои места попладневните ќе има услови за локален дожд и грмежи.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.
Во Скопје и околината денеска ќе има услови за локална кракотрајна нестабилност во попладневните часови. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 34 степени денес, и до околу 31 степен во текот на утрешниот ден.