Дури 31.107 неважечки гласачки ливчиња на вчерашните избори

Голем е бројот на неважечки гласачки ливчиња. Имено, Државната изборна комисија регистрира 31.107 неважечки ливчиња на вчерашните предвремени парламентарни избори. Ова се податоци според обработени 3.421 од 3.480 избирачки места во Македонија.

Инаку, бројот на важечки ливчиња изнесува 869.533.

Своето право на глас го искористиле 927.640 граѓани или 51 отсто од вкупно запишаните 1.814.263 во избирачкиот список на Македонија.

Претходна вестБугарија воведе привремена забрана за влез на сите лица од Македонија
Следна вестСтартува „На зајдисонце“ во Трпејца, деветти пат по ред