Јордан Костов, триото „Кобалт код јунит“ и „Светлост: Одрон ритуал оркестар“, во кој членуваат 11 музичари, се вечерва на репертоарот на новиот џез фестивал што стартуваше вчера „Крај Вардарот џез“.
Се одржува на отворено, во паркот зад Младински културен центар, а вечерва почнува во 20 часот.
Фестивалот е производ на дискографската куќа „ПМГЏЕЗ“, која постои од 2018 и досега има издадено 14 албуми со современ македонски џез, а идејни творци се Владан Дробицки и Мирко Попов. Влезницата чини 100 денари, носењето маска е задолжително, а столчињата ќе бидат поставени на растојание од два метра. Бројот на посетители е ограничен на 300.