Годинашниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, израелскиот поет Амир Ор, заради безбедносни причини поврзани со пандемијата – ќе дојде во Струга следната година. Фестивалот годинава се организира традиционално на крајот од август, поточно од 28 до 30 август,
-Сегашните околности дозволуваат да се организира фестивал со физичко присуство на домашните поети, а поканетите учесници од странство, поради рестрикциите во однос на патувањата и авионските летови, но и заради минимизирање на ризикот од ширење на вирусот, ќе бидат претставени преку видеочитања. Специјално видеообраќање како и видеочитање, подготви и годинешниот лауреат на СВП, израелскиот поет Амир Ор, кој ќе биде специјален гостин на наредното, јубилејно 60-то издание на СВП во 2021 година, кога и ќе му биде врачен „Златниот венец“, заедно со лауреатот за 2021 година, соопштија од СВП.
Поетските читања ќе се случуваат на тераса на хотел „Дрим“, на која и вообичаено се одвиваат дел од програмските активности во редовните изданија на фестивалот.