Скопје деновиве ќе има пренасочен возен ред низ центарскиот дел од градот заради снимање на кусиот игран филм чиј работен наслов, како што соопштува продукцијата, е „Зајко“.
Се снима на неколку скопски локации а продукциијата е македонско – хрватска, односно главниот збор го имаат хрватскиот режисер и сценарист Марко Чавка и македонскиот режисер Бранко Попчевски. Сценариото е на Чавка.
Актерската екипа ја сочинуваат нашите Елизабета Клинчаревска Младеновска и Џенап Самет, како и децата актери Адреин Гане Боирал и Анастасија Аневска. Станува збор за емотивна приказна која ги опфаќа социјалните разлики и различнте аспекти на идеологијата во современиот свет.